Денеска истекува рокот за пријавување за користење на парите од програмата ИПАРД на ЕУ за проекти од примарното производство земјоделството и за руралниот развој. Правото на Македонија да ги користи европските пари и го даде Европската комисија уште во декември 2009 година кога и беше објавен првиот јавен оглас со кој фармерите ќе можат да поделат 24 милиони евра. Надлежните не очекуваат спектакуларни резултати во првата година од користењето на европските пари кои до 2011 година треба да изнесуваат 60,7 милиони евра. Од досега пристигнатите околу 50-тина апликации, најголем интерес има за рурален туризам, за подигање на оранжерии и на пластеници, реконструкција на штали за млечна индустрија. Поддршката што ќе ја добијат земјоделците од средствата на ИПАРД е всушност грант со кој треба да се покрие 50 проценти од трошокот за инвестицијата, од кои 75 насто се пари од Унијата, а остатокот од државниот буџет.
Денеска истекува рокот за пријавување за користење на парите од програмата ИПАРД на ЕУ за проекти од примарното производство земјоделството и за руралниот развој.
Правото на Македонија да ги користи европските пари и го даде Европската комисија уште во декември 2009 година кога и беше објавен првиот јавен оглас со кој фармерите ќе можат да поделат 24 милиони евра.
Надлежните не очекуваат спектакуларни резултати во првата година од користењето на европските пари кои до 2011 година треба да изнесуваат 60,7 милиони евра. Од досега пристигнатите околу 50-тина апликации, најголем интерес има за рурален туризам, за подигање на оранжерии и на пластеници, реконструкција на штали за млечна индустрија.
Поддршката што ќе ја добијат земјоделците од средствата на ИПАРД е всушност грант со кој треба да се покрие 50 проценти од трошокот за инвестицијата, од кои 75 насто се пари од Унијата, а остатокот од државниот буџет.